Објавено на:

Болна работа: Мајка си го фрлила синот од трети кат па скокнала и таа – двајцата преживеале

t

Мајка си го фрлила петгодишниот син од третиот кат од зграда во белградската населба Миријево, но за среќа тоа го преживеало падот и нема посериозни повреди, соопштија од Ургентниот центар.

Момчето немало повреда на главата, а тоа е најважно, по што било префрлено во Институт за мајка и дете како пациент.

-Момчето нема скршеници. Свесно е и комуницира, а само вели дека му се спие, откриваат од болницата.

Мајката има повеќе скршеници, но е надвор од животна опасност.

Соседите на Маја К.(40) велат дека единствен очевидец на случајот е млад човек од нивната зграда, кој видел момент на ужас. Како што раскажува очевидецот, Маја прво го турнала момчето од прозорецот на третиот кат, а потоа и таа скокнала.

На самото место е и поранешниот сопруг на Маја, кој е многу вознемирен и не можеше многу да каже.

– Официјално беше здрава, тоа што можам да го заклучам, односно зошто го направи тоа, сега не е валидно да се каже, рече тој кусо низ солзи.

За среќа момчето и мајката паднале на тревата, а детето поминало без поголеми повреди, а мајката ја скршила ногата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСПЛОЗИЈА ВО РАКЕТНА ФАБРИКА ВО БЛИЗИНА НА…

Утрово околу 6 часот во комплексот на…

Манила како Белград: Србите ја обоија секоја…

Кошаркарската репрезентација на Србија од 14 часот…

ЛГБТ парада денеска во Белград

Со „Прошетката на гордоста“ борците за правата…

Во сабота “Парада на гордоста” во Белград

Во инфо центарот Прајд во Белград започна…

Детали за авионот кој принудно слета во…

Авион на „Визер“ од Тел Авив за…