Објавено на:

БОЛНИ ЗБОРОВИ НА СЕСТРАТА НА МАТЕЈ – таткото на исчезнатото момче раскажа што му кажала ќерка му за нејзиниот брат

t

Тело на непознато машко лице беше пронајдено вчера во Дунав кај Ада Хуја, а сомнежите се дека се работи за Матеј Периш од Сплит.

-Ја чекавме веста, ја чекавме вистината и таа вистина испадна таква каква што е, болна, ништо, тешка“, изјави Ненад Периш за ХРТ откако српското МВР го информирало дека облеката на телото на мажот најдено во водите, одговара со облеката која ја носел неговиот син кој исчезна на 30 декември 2021 година.

Резултатите од обдукцијата се очекуваат денеска.

-Како што кажав, морам да бидам подготвен на сето ова. Можеби некому му е чудно, но колку и да е болно и тешко, а верувајте дека е страшно тешко, треба да имате надеж. Мојата вера ме учи дека таа надеж секогаш постои. Иако се случи разделбата, надежта дека повторно ќе се сретнеме никогаш нема да престане, рече Ненад Периш и им се заблагодари на сите што помогнаа да се открие вистината.

Тој во интервју за РТЛ додаде дека „Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја“.

-Мораме да ги направиме тие формалности. Матеј е тука со мене и секогаш ќе биде. Да, пет месеци подоцна.

Што ми кажа ќерка ми: „Тато оди земи го Матеј, донеси го дома. Ќе го направам тоа за овие два-три дена. Тој е со нас и секогаш ќе биде со нас, вели потресениот Ненад Периш во интервју за ХРТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: На Русија и одговара да ги…

Руската Федерација е еден од факторите на…

БАЛКАНОТ СЛАВИ: Ѓоковиќ стана шампион на Австралија…

Новак Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас…

Влада не можат да направат, ама циркус……

Новата бугарска декларација за Македонија која треба…

МВР во акција: Серија апсења во Скопје

На 28.01.2023 во 18.40 часот на подрачјето…