Бомбашите го откажаа обраќањето на Ковачевски: Дојава за бомба на конференцијата на која требаше да присуствува премиерот

t

Поради дојава за бомба откажана годишната конференција на Стопанската комора на Македонија.

На сите поканети, рано утрово им пристигна меил дека настанот се откажува.

-Поради анонимна дојава за поставена бомба во местото каде требаше да се одржи Годишната конференција на тема: „Економските предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и да ја трансформираме економијата“, хотел Александар Палас, Скопје, а заради запазување на безбедноста на сите учесници, Ве известуваме дека конференцијата се откажува.

Дополнително ќе бидете известени за нов термин на релазација на Конференцијата.

Вашата безбедност е од особено значење за нас.

Ви благодариме за довербата и се гледаме на следниот термин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…