Бомба на поранешниот американски претседател: Tрамп обвинува, Кинезите „му дадоа 54 милиони долари и видоа сè“

Кина ги видела стотината доверливи документи пронајдени во 10 досиеја во центарот „Пен Бајден“ од времето кога актуелниот американскиот претседател Џо Бајден бил потпретседател, пишува Њузвик. Ова го тврдеше Доналд Трамп, ривалот на Бајден на социјалната мрежа Социјална Вистина. Според Трамп, Бајден добилл 54 милиони долари од Кина за својата невладина организација.
„Леле! Тинк-тенкот на Бајден е финансиран од Кина!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.
„Исто така, потпретседател не може да декласифицира документи, кои се опфатени со Федералниот закон за евиденција, кој е кривичен закон многу потежок од Законот за претседателски досиеја, кој не е кривичен закон. Но, претседателот, јас на пример, можам да декласифицирам. Значи, уште колку вакви информации ѝ биле дадени на Кина?”, вели поранешниот американски претседател за својот колега.
И додава:
„Беа тоа 54 милиони долари што невладината на Бајден ги доби од Кина. Тоа се многу пари. (Кинезите) ги видоа доверливите документи!”
Не е јасно зошто Трамп го обвини ценатрот „Пен Бајден“ дека е „финансиран“ од Кина. Од друга страна, напис на Њујорк пост објавен во април 2022 година истакна дека Универзитетот во Пенсилванија, а не самиот центар, примил 54,6 милиони американски долари преку кинески донации помеѓу 2014 и 2019 година.
Всушност, од 2013 до 2020 година, американските универзитети прифатиле речиси 1 милијарда долари кинески донации, а Харвард го добил најголемиот дел, пишува Блумберг.
Засега, нема докази дека центарот „Пен Бајден“ добил нешто од кинеските пари, ниту пак постои причина да се верува дека на кинески странски агенти им бил дозволен пристап до документите во замена за донација.
Но, останува нејасно е како се појавиле документите во центарот Пен Бајден. Иако во нив нема тајни за нуклеарната програма, тоа се доверливи документи.
Истовремено, самиот Трамп е под истрага за тоа што чувал доверливи документи на страна во времето кога тој беше претседател. Во неговиот случај, тој тврди дека не сторил ништо лошо, туку само дека ги декласифицирал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БИА повикува на разговор, професорите притискаат, студентите…
Студентите не се откажуваат од блокадите, најавуваат…
Цената на лебот може да се зголеми…
Русија, најголемиот светски извозник на пченица, значително…
Сиљановска и Филков разговарале за нов Закон…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила работна средба…
„Фајненшл тајмс“: Трамп ќе ја принуди Украина…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наметнува мировен…
Утре без вода дел од населба Нерези
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје…