Бомба од Максим Димитриевски: Формира граѓанско движење, ќе работи “за нашата Македонија”

t

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски најави формирање на граѓанско мултиетничко движење кое ќе работи за, како што вели тој, нашата Македонија.

Во изјава за „Слободен печат“, Димитриевски ги демантира написите дека ќе формира политичка партија.


– Јас не најавив формирање на политичка партија, туку граѓанско движење. Како ќе се вика движењето ќе одлучат сите негови членови. Но како што напоменав тоа движење ќе работи за нашата Македонија. Движењето ќе има мултиетнички карактер, изјави Димитриевски за „Слободен печат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ