Борел: Барањето да се запре проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел во интервју за весникот „Велт“ ги нарече барањата на Русија за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток „чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови“.
Барањата за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток се чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови, особено за Украина – вели Борел.
Тој додава дека за првпат Москва „ги изнесува своите барања во писмена форма – нешто што досега не се случило“.
Тоа го прават само победниците: тие велат – ова се моите услови – рече Борел.
Во средината на декември руското Министерство за надворешни работи објави нацрти на договорот со САД и договорот со НАТО. Документите веќе се предадени на Вашингтон и неговите сојузници. Во една од клаузулите, Москва предложи земјите од НАТО да и дадат гаранции на Русија кои ќе спречат понатамошно проширување на исток, особено на украинска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО “мало сутра”: Нема знаци за напредок…
Разговорите насочени кон надминување на приговорите на…
Азија за прв пат ја надмина Европа…
Азија за прв пат ја надмина Европа…
(Фото) Русите го покажаа “трофејот”: Какво НАТО…
Руската војска која го зазеде Лиман, меѓу…
Ќе станеме легитимна цел за Русија? Албанија…
„Опасни времиња“: Албанија со понуда за НАТО.…
НАТО има “правен имунитет”: Не може да…
НАТО одговори на тужбите на жртвите од…