Борел: Воените резерви на ЕУ се исцрпени

Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел изјави дека воените резерви на ЕУ се исцрпени поради испораките за Украина.
Тоа, како што наведе, е најочигледен пример за недостаток на одбранбени капацитети на таа Унија.
Дипломатот додаде дека меѓу другите причини кои влијаеле на намалувањето на воените ресурси на ЕУ е и намалувањето на буџетот за одбрана предизвикано од политиката на штедење.
Борел тврди дека трошоците на ЕУ за одбраната се намалуваат од почетокот на кризата во 2008 година, дека паднале на најниско ниво во 2014 година и дури сега го достигнале нивото пред кризата.