Објавено на:

Борел: Русија е виновна за недостигот во меѓународната трговија со жито, а не за санкциите

t

Поради војната против Украина, Русија е „директно одговорна“ за недостигот во меѓународната трговија со жито, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

– Сегашната руска блокада на украинските пристаништа го спречува извозот на тони житни култури, како пченка и пченица, кои во моментов се заглавени во Украина, еден од најголемите светски производители – објави Борел на Твитер.

Борел посочи дека санкциите на ЕУ се насочени кон капацитетот на Русија да ја продолжи војната, а не кон пченицата, додавајќи дека земјоделските производи и нивниот транспорт се „експлицитно исклучени“ од санкциите.

– Русија е директно одговорна за сите недостатоци во меѓународната трговија со жито и наместо да ја запре својата агресија, таа активно се обидува да ја префрли одговорноста на меѓународните санкции. Ова е дезинформација – додаде Борел.

Борел посочи дека блокот ќе продолжи да се солидаризира со земјите во решавањето на последиците од војната.

– Рускиот претседател Владимир Путин „треба да стави крај на војната против Украина. Територијалниот интегритет на Украина мора да се врати – посочи Борел и додаде дека тоа е во интерес на целиот свет.

Според проценките на ОН, најмалку 4.183 цивили се убиени, а 5.014 се ранети во Украина од почетокот на војната со Русија, а се верува дека реалната бројка е многу поголема.

Повеќе од 6,9 милиони луѓе побегнале во други земји, додека повеќе од 7,7 милиони се внатрешно раселени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовец фатен како краде од куќа во…

На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје,…

(Видео) Машината била погодена од остатоци од…

Казахстанското Министерство за вонредни состојби подоцна извести…

Уапсен скопјанец, агресивно се однесувал кон полицајци

Уапсен скопјанец поради агресивно однесување кон полицајци.…

Историска голема исплата за субвенции за земјоделците

Историски најголема исплата на субвенции Претседателот на…

Страшно невреме ја зафати Хрватска: На сила…

Црвеното предупредување е активирано во Кварнер, каналот…