Борел: Русија нема да преговара додека не победи!
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека не е оптимист за ситуацијата во Украина и верува дека Русија нема да преговара додека не победи во конфликтот со Киев.
– Гледам јасна решеност на Русија да победи во оваа војна. Русија нема да преговара додека не победи – изјави Борел на експертскиот форум во Барселона.
Тој додаде дека не е оптимист за тоа како може да се развие овој конфликт во текот на летото, но дека ЕУ треба да продолжи да дава воена помош за Украина.
Борел претходно во Брисел рече дека, иако продолжил да ја координира воената помош за Украина од Европската унија, тој не се чувствува како врвен дипломат на ЕУ, туку како „министер за одбрана на блокот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…