Борн: Хамас киднапирале неколку деца од Франција!

Француската премиерка Елизабет Борн изјави дека „неколку деца“ од Франција најверојатно биле киднапирани додека терористичката група Хамас извршила масакри во израелските заедници во саботата.
Говорејќи пред францускиот Сенат, таа рече дека владата е во контакт со семејствата на киднапираните деца без да наведе детали.
Меѓу оние за кои се верува дека се киднапирани е и 12-годишно момче по име Ејтан, кое живеело во Кибуц Нир Оз, откриваат членовите на семејството кои дале изјава за француските медиуми.
Франција соопшти дека 11 француски државјани се потврдени мртви во борбите, а 20 се водат како исчезнати, вклучително и неколку за кои се верува дека се држени како заложници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…
Можен прекин на огнот меѓу Израел и…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во…
„Животот ќе ви стане пекол“: Трамп со…
„Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и постави…
Новиот сириски лидер: Немаме намера да влегуваме…
Шефот на сириската бунтовничка група „Хајат Тахрир…