Објавено на:

Бостон со водство во серијалот со Голден Стејт

t

Бостон славеше во третиот натпревар во финалето на НБА со 116:110 и поведе со 2:1 во серијата.

Отпорот на Вориорсите беше скршен во последната четвртина, Вориорси претходно на два пати се враќаа од двоцифрената предност на Бостон. Најефикасни во редовите на Бостон беа Браун со 27 поени, Татум со 26 и Смарт со 24 поени. На спротивната страна Стеф Кари со 31 поен и Томпсон со 25.

Во Вориорс сигурно се загрижени и за повредата на Кари кој го напушти мечот на две минути пред крајот. Станува збор за повреда на стапалото, првите информации зборуваат дека не е ништо сериозно, но повеќе ќе се знае после денешните прегледи. Ако следниот натпревар Кари нема да биде во можност да настапува тоа ќе биде голем плус за Бостон.

Првата посериозна предност Бостон ја направи на стартот на втората четвртина кога водеа со 17 разлика, Вориорси се вратија во мечот со 10:0 серија. На паузата Бостон водеше со 12 поени, а потоа предовдени од Кари кон средината на третата четвртина се вратија, па и накратко поведоа со 82:83. Сепак, тука заврши нивниот отпор и до крајот Бостон беше подобриот тим и ја однесе победата.

Четвртиот натпревар се игра ноќта од петок кон сабота во три часот по полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голден Стејт се врати на НБА тронот

Голден Стејт продолжува да пишува историја и…

НБА ѕвездата не го заборави родниот град:…

Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Џеди Осман, во…

Голден Стејт со пресврт за водство во…

Голден Стејт го победи Бостон со 104:94…

Великани на спортот: НБА кошарка и Формула…

Великани на спортот(3.) НБА кошарка Денес нешто…

Бостон со водство во серијалот со Голден…

Бостон славеше во третиот натпревар во финалето…