Боцевски проговоре за тајните средби на Мицкоски со Заев: Претседателот на партијата е скувана жаба

Екс амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски во емисијата на Радио Лидер проговоре за тајните средби на Христијан Мицкоски со Зоран Заев.
Според него СДСМ ја спроведувало стратегијата на скувана жаба за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој потврди дека уште зимото Заев и Мицкоски разговарале за широка Влада на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во која нема да учествува ДУИ.
-Значи јас тука ја поддржувам тезата на Геровски дека се одлучило да се оди на финта уште одамна за ВМРО-ДПМНЕ да се… Знаеш тоа е онаа стратегија на скувана жаба. Ако ставиш една жаба во вода на собна температура и полека ја загреваш водата, жабата толку ќе омлитави што по некое време нема да реагира и ќе биде сварена во Водата. Скувана. Ако пак врие водата жабата ќе скокне веднаш затоа што тој инстиктот на живот ќе проработи. Зошто го зборувам ова. Очигледно Заев опипавал терен на тие во зимата што беа некои состаноци, каде што се нуделе Влади и влез во Влади итн. , вели Боцевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски…
Според Евростат, последни сме во Европа по…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…