Објавено на:

Бојко од затвор има поголем рејтинг од Петков: Владата во Бугарија нема да истрае цел мандат

t

И ова истражување покажува пад во поддршката за Продолжуваме со промени на Петков, при што од 22,9% во март, таа во април е 20,1% во април. Ваквиот пад за партијата на Петков и Василев доведува до раст на поддршката за ГЕРБ, која и во оваа анкета е првата политичка сила со 23,6 отсто поддршка од гласачите. За БСП поддршката е 10,5% од гласачите, а втор последователен месец има раст во поддршката за Преродба – од 7,3% во март на 9,3% во април, со што оваа партија избива како петта политичка сила во земјата. Има таков народ овој месец е со поддршка од 6,9 отсто оние кои рекле дека ќе гласаат на евентуални избори.

По вчера објавената анкета на агенцијата „Алфа рисрч“, според која доколку би се одржале предвремени парламентарни избори владејачката партија на премиерот Кирил Петков, Продолжуваме со промените, би била втора, а прва би била ГЕРБ, денеска бугарските медиуми објавуваат студија на истражувачкиот центар „Тренд“ за весникот „24 часа“, според која се потврдува намалувањето на поддршката за Продолжуваме со промените, објави БГНЕС.


Освен ова, други заклучоци од истражувањето на „Тренд“ се дека партијата Преродба бележи раст втор месец по ред, дека повеќе од половина од Бугарите веруваат дека владата ќе издржи цел мандат и дека 47 отсто се со став дека предвремени парламентарни избори не се потребни.

Според ова истражување, позитивната оценка за работата на парламентот имаат 24% од сите испитаници, додека негативната оценка се искачи на 66%. Владата, исто така, забележа благ пад во поддршката од 29% минатиот месец на 27% сега, а негативните оценки, исто така, забележаа минимален пораст од 56% во март на 58% во април.

Има значителни разлики во односот кон работата на коалоциските парнери во Владата. Најголема поддршка уживаат претставниците на партијата на Петков, Продолжуваме со промените, додека за Демократска Бугарија односот позитивна – негативна оценка е 5 спрема 3.

За претставниците на БСП оценката е 50 спрема 50 , додека за оние од „Има таков народ“ во најголем дел оценката за нивната работа е главно негативна.

Во однос на работата на претседателот нема значителна промена овој месец, односно половина од испитаниците ја оценуваат како позитивна, а од 38 отсто добил негативна оценка.

Речиси половина од Бугарите (47%) сметаат дека предвремените парламентарни избори не се неопходни, додека 37% се со спротивно мислење. Ставот за предвремени избори доминира кај поддржувачите на ГЕРБ и Преродба.

Нешто повеќе од половина (52%) веруваат дека Владата нема да го истурка целиот мандат, додека со спротивно мислење се 28%.

И ова истражување покажува пад во поддршката за „Продолжуваме со промени“ на Петков, при што од 22,9% во март, таа во април е 20,1% во април. Ваквиот пад за партијата на Петков и Василев доведува до раст на поддршката за ГЕРБ, која и во оваа анкета е првата политичка сила со 23,6 отсто поддршка од гласачите.

За БСП поддршката е 10,5% од гласачите, а втор последователен месец има раст во поддршката за Преродба – од 7,3% во март на 9,3% во април, со што оваа партија избива како петта политичка сила во земјата. Има таков народ овој месец е со поддршка од 6,9 отсто оние кои рекле дека ќе гласаат на евентуални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Коњ се појави на тераса во…

Необичен настан се случи вечерва во скопско…

Богојески: Бугарите лажат дека ги нашле моштите…

Петар Богојески укажува на ситуацијата во Бугарија деновиве,…

Најава за нова војна: Руски сенатор вели…

Руски сенатор: Темата за денацификација на Европа…

Охриѓанка заврши во болница откако падна од…

На 21.05.2022 околу 13.20 часот во СВР…

“Шел” ги затвара сите бензински пумпи во…

"Шел" го напушта рускиот пазар! Британската нафтена…