Браво: Данела го враќа Ќосето – поднесено барање до општина Центар!

t

Градоначалничката Данела Арсовска отпочнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје.

Од општина Центар, за повеќе медиуми потврдија дека до нив е стигнато барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на крстосницата на која што претходно беше поставен.

Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов.

Како што дознаваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет.

-Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е, изјави Арсовска уште минатата година.

Таа додала дека два месеци се обидувале да дознаат каде е ставен, дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.

-Да не се грижат, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, изјави тогаш Арсовска.

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Својата дејност ја започнал како дел од Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.

Живеејќи во Велес Андон убил истакнат Турчин и избегал во Солун, каде што се приклучува на Македонската револуционерна организација и првично извршува терористички задачи. Се запознал со Даме Груев и добива наредби директно од него. Потоа станува пајтонџијата на доктор Христо Татарчев, со што ја крие својата нелегалната дејност. Во тоа време во Солун пристигнал неговиот постар брат Никола, кој се ставил во услуга на турските власти. Андон Ќосето сам предложил да го убијат брат му, за да не ја издаде организацијата, што и се случило. Учествувал во ликвидацијата на српскиот ренегат во Солун Пејчиновиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Браво: Данела го враќа Ќосето – поднесено…

Градоначалничката Данела Арсовска отпочнува со постапка за…

Путин потпиша нова руска глобална стратегија, насочена…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов…

САД бараат одговорност за злосторства на Русија…

САД ги подржуваат напорите на Украина и…

Трамп во вторник ќе се предаде на…

Доналд Трамп ќе се предаде на обвинителството…