БРАВО ЛАМБЕ, ГО ОБЕЛИ ОБРАЗОТ НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ!

t

Не, јас не подржувам насилство. Напротив, огорчен противник сум на сите насилници. Во принцип, го осудувам и самото палење на вратата во Центарот за (не)култура во Битола, ама имам разбирање за тоа, и ќе објаснам зошто. Ламбе е веќе притворен, што повторно наликува на политички прогон, што е чест случај кај нас, додека, според правниците, се работи за прекршок а не за кривично дело. Тоа претпоставува дека притвор воопшто не е можен. За споредба, “шарените револуционери“, инаку западни платеници што ја урнаа легитимната власт во Македонија, затоа што не беше спремна да капитулира околу името и идентитетот, ја запалија канцеларијата на нашиот претседател и ги уништуваа фасадите на најубавите згради во Скопје. За тоа, никој не беше во притвор а камоли да биде осуден. Платија парични казни. Ламбе лесно може да биде прогласен и за терорист. Тоа би била нова потврда дека во Македонија, која веќе не е суверена држава, се’ е можно!

Во целина, чинот на Ламбе Алабаковски, во Битола, беше лекција за сите нас, кои сме бедни сеирџии, што дозволуваат да ги гази и понижува секој забеган. И така со години. И, за што? За датум за преговори! За среќа, има и херои, како Ламбе, кои покажуваат дека не треба сите да се срамиме што сме Македонци. Исклучително важно е што е Ламбе позната личност бидејќи ќе ја обедини цела Македонија. Особено помладите. Или, барем, тие што и мислат добро. Дека постапката на Ламбе има целосна логика, ќе цитирам двајца светски лидери, од кои еден од постарите генерации, и еден неспорен скорешен лидер.

Прв е американскиот претседател Томас Џеферсон (1801 – 1805), кој рекол: “Кога неправдата ќе стане закон, отпорот е обврска“. Втора е познатата и докажана Ангела Меркел, која рекла: “Има моменти кога непослушноста е обврска“. Не верувам дека Ламбе ги знае овие мудри мисли ама тој ги чувствувал, ги следел и, што е најважно, ги спроведе во пракса. Секоја ти чест, Ламбе, не отсрами сите нас, кои сме недостојни Македонци.

А нашата власт, во име на “правдата“, не презема ништо против криминалците на ДУИ ама, кога се во прашање интересите на Македонија и Македонците, нема никаков исав. Апси и што треба, и што не треба. Особено последното. Патриотите се прогласуваат за терористи; за влечење за коса се оди четири години во затвор, а за убиство на пешачки премин се добива три години… Без да се оди во многу идентични срамни случаи, а ги има безброј, да спомнеме само еден, поважен и општо познат. Неодамна, една транспортна компанија, под заштита на ДУИ, во автобус, во Бугарија, изгоре десетици недолжни патници. Бргу се покажа дека нејзините автобуси патувале без лиценци. Надвор од земјата, без никаква дозвола, со патници биле реализирани 133 патувања. Одговорен може да биде само директорот, којшто бил, чинам, и сопственик. Ако функционираше државата, тој веднаш ќе беше уапсен. За негова среќа, министерот за внатрешни имал други, поважни работи. Што се 45 недолжни животи? Сопственикот, пак, свесен за се’, остана некое време во Бугарија, а мораше итно да следи наше барање за негово испорачување (екстрадикција). Ништо од сето тоа. До денес, одговорност – нема! Човекот е на ДУИ, што значи – недопирлив. За разлика, по демонстрацијата на македонско достоинство од страна на Ламбе, во Битола, министерот не губел време. Заборавил дека стотици подметнати пожари, најчесто на автомобили, се нерасчистени. Арно ама, во случајов, Румен Радев не смее да чека и да се нервира! Кој му е крив, пак, на Ламбе, што нема врска со ДУИ?
Прво, ако министерот за внатрешни ја имаше правилно сфатено својата функција, тој или Владата, немаше да дозволат шака платеници на Софија да отворат фашистички клуб во Битола. Второ, место да се спречи тешката бугарска провокација против се’ што е македонско, министерот испрати сериозни полициски сили, длабоката навреда на македонскиот народ да се реализира без никаков проблем. Срамно, понижувачко, недостоинствено, бедно…

Трето, и најважно, има уште поголем и поважен аргумент зошто клубот и платените бугарски слуги во него требаше да се растурат а некои и по апсат. Не Ламбе. Ден по отворањето на “Центарот за култура“, на 17/04/2022, според мкд.мк, тие излегоа со соопштение со кое не се признава уставниот поредок на државата и се бара нејзина бугаризација, со грубо игнорирање на македонскиот народ. Во истото се вели: “Како што Путин го создаде Донбас, така Тито ја создаде Македонија, нашата окупирана татковина“!? “Се разбира – и дека Бугарите биле фашисти! Но, тоа веќе болно го знаеме од судењата низ кои поминаа илјадници и илјадници македонски патриоти во последните децении под обвинение дека се фашисти затоа што не го криеја своето бугарско достоинство и омраза кон југословенскиот окупатор“. “… дека стотици македонски Бугари дојдоа да ја видат бугарската делегација и официјално да го отворат клубот кој со гордост го носи името на легендарниот водач на вистинската историска ВМРО – Иван Михајлов, наследникот на Гоце Делчев и Тодор Александров. Но, ништо не успеа да го исплаши мнозинството македонски патриоти, кои дојдоа да покажат дека и покрај манипулациите со пописот, и покрај лажните податоци од него, ние сме многу. И ние не се плашиме“. Исто како што за Путин – “жртвите во Домбас се фашисти, така и во Македонија бугарскиот идентитет е прогласен за фашизам“. “… СЕ’ УШТЕ ЖИВИТЕ ОД ЈУГОСЛОВЕНСКАТА САТРАПИЈА ВО НАШАТА МАКЕДОНИЈА ГО ДЕФИНИРААТ КАКО ФАШИЗАМ НЕИЗБЕЖНОТО ВРАЌАЊЕ НА БУГАРСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО БИТОЛА, ОХРИД, ВЕЛЕС, ШТИП… ВО СЕТА НАША НАПАТЕНА МАКЕДОНИЈА“. За да заклучат – “Како што Путин ги создаде Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република, во окупиран Донбас, така и Тито ја создаде Македонската Народна Република во нашата окупирана татковина“!?

Коментар не е потребен. Ако во оваа држава било што функционира, веднаш ќе беа преземени соодветни мерки. Никој до сега вака не нѐ исплукал и понижил. И тоа дома. Од кого? Од шака токмаци, кои ги штити власта. Соопштението покажува и потврдува дека не се работи за никаков културен центар. Во прашање е непријателски бункер на национал шовинистите на Румен Радев, кои отворено водат војна за распарчување на Македонија и разнебитување на македонскиот народ. Тоа е бункер полн со експлозив, кој постепено со активира. Тоа е целта зошто е отворен овој иредентистички клуб. Тие ги негираат државата и народот, бараат побугарчување на нашите градови… а ние молчиме!?

Меркел е апсолутно во право: кога државата и нејзините органи не функционираат – ТОА СЕ “МОМЕНТИ КОГА НЕПОСЛУШНОСТА Е ОБВРСКА“. Доста со самоуништувачко однесување! Затоа, БРАВО ЛАМБЕ. ГО ОБЕЛИ ОБРАЗОТ НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ. Ако те осудат овие продадени души, осудени ќе бидеме сите Македонци! Од сега си наш херој.

Пишува: Ристо Никовск Јуни, 2022

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата…

Украинскиот парламент, Врховниот труд, денеска ги поддржа…

Курти: Србија е кошмар, продолжува со старите…

Косовскиот премиер, Албин Курти ја повика Србија…

Србија е ноќна мора за сите соседни…

Косовскиот премиер, Албин Курти ја повика Србија да се…

Влегол во филм: Монструмот од Цетиње убиваше…

Застрашувачка е големата сличност меѓу серијата „Црна…

Ванковска: Колку пати ќе умираме, кој си…

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на Фејсбук прашува…