Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта во НАТО по глава на жител во однос на помошта за Украина

t

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска изјави дека нашата земја е четврта во НАТО по безбедносната поддршка за Украина, по глава на жител.

На прес-конференцијата со шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, тој посочи дека Македонија „од првиот ден има недвосмислен став во осудата на неиспровоцираната и неправедна руска агресија врз Украина“.

„Не само што веднаш почнавме со воена и хуманитарна помош, туку и Македонија е на четвртото место во НАТО по глава на жител во однос на безбедносната поддршка дадена на Украина. Исто така, се приклучивме на сите 10 пакети санкции на ЕУ и како земја-кандидат сме 100 отсто усогласени со политиките на Унијата“, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не се повтори: На денешен ден…

На денешен ден пред 24 години почнаа…

Ништо од мирот: Украински командант најави нова…

Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…

Поминат првиот филтер: Парламентарна комисија од Турција…

Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент…

Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…

Ќе ви се слоши: Светска банка пресмета…

Цената на обновата на Украина од руската…