Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта во НАТО по глава на жител во однос на помошта за Украина

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска изјави дека нашата земја е четврта во НАТО по безбедносната поддршка за Украина, по глава на жител.
На прес-конференцијата со шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, тој посочи дека Македонија „од првиот ден има недвосмислен став во осудата на неиспровоцираната и неправедна руска агресија врз Украина“.
„Не само што веднаш почнавме со воена и хуманитарна помош, туку и Македонија е на четвртото место во НАТО по глава на жител во однос на безбедносната поддршка дадена на Украина. Исто така, се приклучивме на сите 10 пакети санкции на ЕУ и како земја-кандидат сме 100 отсто усогласени со политиките на Унијата“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина тврди дека го убила командантот на…
Украинската армија денес тврдеше дека го убила…
Њу Јорк Тајмс: Првите тенкови Абрамс пристигнаа…
Првите тенкови Абрамс веќе пристигнаа во Украин…
Киев очекува дека САД, ЕУ и ММФ…
Украина очекува дека покрај воената помош, САД…
Разузнавачки извори на Сејмор Херш: Војната во…
Разузнавачки извори на Сејмор Херш му кажале…
(Фото) Ноќеска нов напад на Одеса со…
Ноќеска руските воздушно космички сили изведоа нов…