Објавено на:

Брамерц со критики до Хрватска за несоработка со другите земји

t

Главниот обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, Серж Брамерц ја критикуваше Хрватска во Советот за безбедност на Обединетите Нации, поради несоработка со други држави. Според него, хрватската Влада со политички одлуки ги блокира судските процеси.

Брамерц појасни оти Хрватска не им одговорила на Босна и Херцеговина и на Србија во над 80 случаи. Се оставало впечаток дека во Хрватска нема волја за да се задоволи правдата за жртви, кои не се од хрватска националност.

Тој истакна дека на просторот на поранешна Југославија, „останува важно прашањето за регионална судска соработка“.

Има позитивен напредок во соработката на обвинителства на БиХ и на Србија, оцени Брамерц, „двете земји имаат сериозни потешкотии во остварување соработка со Хрватска“. Некои случаи траеле веќе седум години.

– Денес има општ впечаток дека во Хрватска и понатаму постои волја да се задоволи правдата за хрватските жртви, но, не и за оние од друга националност, додаде Брамерц.

Главниот обвинител го повика хрватското Министерство за правда да „ги испрати до релевантните судски власти сите постоечки барања за добивање помош што се блокирани“. Тој ја охрабри хрватската страна „итно да ги обработи тие барања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија: Хрватите всушност се “Бугари” според најновата…

По Македонците и Хрватите биле Бугари, пишува…

Пленковиќ: Ситуацијата во Косово да се реши…

Хрватска апелира за мир и дијалог, изјави…

Да не ја стават на листа за…

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин…

Десет случаи на мајмунски сипаници потврдени во…

Во Хрватска досега се потврдени десет случаи…

Пленковиќ им врати на Русите: Хрватска е…

Хрватска е во добро друштво, е кусиот…