Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство – Се укинуваат сертификатите во одредени објекти

t

Владата на денешната седница одлучи да ги усвои препораките од Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид-19, а коишто препораки претходно произлегоа и од седниците на Комисијата за заразни болести.

Олеснетите мерки значат:

-Укинување на ковид-сертификатите за влез во трговските центри/молови, но како мерка останува задолжителното носење заштитни маски. Меѓутоа сертификатите остануваат задолжителни за угостителските објекти каде се служат храна и пијалаци, а кои се во состав на трговските центри;

-Потврдата за прележан ковид-19 ќе важи 180 дена (6 месеци) наместо досегашните 45 дена, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест;

-Укинување на задолжителен ковид-сертификат за излез од државата;

-Укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство. Паралелно, прифатена е пораката бремените жени да се вакцинираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи од Тетово: Улогата на жените во…

Обезбедувањето на услови кои ќе гарантираат дека…

Левица: Бараме ОДГОВОРНОСТ од сите чинители во…

Одговорност за двете свирепи убиства во Куманово…

Забранет влез за жени во национален парк…

Талибанците им забранија на жените да го…

“Жените немаат вредност ако го откријат лицето…

Портпаролот на талибанското Министерство за ширење доблест…

Жените земјоделки ќе добијат платено породилно отсуство:…

Предлог-Законот на Левица за платено породилно отсуство…