Објавено на:

Брзо се шири: Данска и Шкотска ги регистрираа првите случаи на мајмунски сипаници

t

Во Данска е регистриран првиот случај на инфекција со мајмунски сипаници кај возрасен маж кој се вратил од патување во Шпанија, соопшти денеска данското Министерство за здравство.

– Здравствените власти не очекуваат ширење на инфекцијата во Данска, но внимателно ја следиме ситуацијата за да бидеме подготвени за можно ширење на инфекцијата, нагласи министерот за здравство, Магнус Хеунике.

Заболениот моментално се наоѓа во изолација, а надлежните ги следат сите негови блиски контакти, соопшти Министерството.

Шкотска денеска, исто така, го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, соопштија здравствените власти.

– Работиме со Националната здравствена служба и другите партнери во Шкотска и Велика Британија за да го истражиме изворот на инфекцијата, истакна Ник Фин, шкотски здравствен службеник. Тој додаде дека пациентот е примен на лекување и дека се трага по луѓето кои биле во контакт со него. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данска го повика операторот на Северен тек…

Данската агенција за енергетика го покани операторот…

(Видео) СТРАШНО: Се преврте брод во пристаниште…

Триесет и три лица се повредени при…

Русите биле во право? Данска и Шведска…

Во тек се истраги во врска со…

(Видео) Шкотската премиерка поднесе оставка по повеќе…

Прeмиерката на Шкотска, Никола Старџен, денеска објави…

Најнова вест: Старџен ќе поднесе оставка од…

Никола Старџен ќе оставка од функцијата премиер…