Британија го одобри лекот на „Фајзер“ против Ковид-19

t

Велика Британија го одобри лекот на компанијата „Фајзер“ за Ковид-19, за пациенти на возраст над 18 години кои имаат блага инфекција или кои се изложени на висок ризик да се влошат.

„Пакловид“ е најефикасен кога се зема во раните фази на болеста, во рок од пет дена од почетокот на симптомите на Ковид-19, објави денеска британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (МХРА), пренесува „Ројтерс“.


Одобрувањето доаѓа во време кога Британија речиси секојдневно се соочува со рекорден број на нови случаи на ковид, благодарение на брзото ширење на сојот омикрон.

„Фајзер“ овој месец објави дека „пакловид“ покажува речиси 90 проценти ефикасност во превенцијата кај пациенти со висок ризик, а неодамнешните лабораториски податоци покажуваат дека лекот ја задржува својата ефикасност против омикрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џонсон: Путин бавно но опипливо напредува во…

Рускиот претседател Владимир Путин бавно но опипливо…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Пендаровски – Галовеј: Македонско-британските односи се во…

Британската амбасада во Скопје вчера во градината…

Џонсон предлага нова алијанса како алтернатива на…

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ повикувајќи се…

Намириса профит: Бил Гејтс ќе го поддржи…

Партнерството помеѓу американскиот производител на лекови Фајзер…