Британија утре ќе добие нов премиер

t

Во Велика Британија утре ќе биде објавен резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер. Тоа ќе одреди дали министерката за надворешни работи Лиз Трас или поранешниот министер за финансии и актуелен пратеник, Риши Сунак, ќе го замени Борис Џонсон на премиерската функција.

По три месеци кампања, околу 200.000 членови на Конзервативната партија по пошта гласаа за наследник на контроверзниот Џонсон, кој на 7 јули беше принуден да поднесе оставка по серијата скандали во кои беше вмешан.

Според анкетите, фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас.

Утре во 12 часот и 30 минути по локално време ќе бидат објавени резултатите од гласањето за нов лидер на Конзервативната партија.

Во вторник британската кралица Елизабета Втора во замокот Балморал во Шкотска ќе го прими и ќе го именнува новиот лидер на ториевците за премиер на Велика Британија.

Претходно Џонсон ќе се обрати од Даунинг стрит 10, а потоа ќе отпатува за Шкотска да ја поднесе оставката до кралицата. Потоа новиот лидер на Конзервативна партија ќе се сретне со кралицата, која ќе побара да состави нова влада. Новиот лидер на ториевците ќе се врати во Лондон, ќе се обрати и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада.

Првата седница на новата британската влада ќе биде на 7 септември.

За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора, кое трае безмалку 70 години, досега се смениле 14 премиери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британското МНР: Никаква опрема – Мобилизираните Руси…

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот…

Џонсон: Путин да беше жена, што очигледно…

Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја…

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

Светските лидери се соочуваат со кризи на…

Каква разлика прави една година. Огромните предизвици,…

Нов „шамар“ за Џонсон: Конзервативците загубија на…

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон беше…