Британски генерал: Ситуацијата во Украина наликува на геноцид
Ситуацијата во Украина се повеќе изгледа како геноцид, изјави британскиот генерал Ричард Данат во денешното интервју за „Скај њуз“.
Тој додаде дека извештаите за употреба на хемиско оружје во Украина засега не се потврдени, но оти не е невозможно.
– Извештаите за хемиско оружје во Украина сè уште не се потврдени. Такво нешто би било надвор од сите нормални норми, но не е невозможно, истакна генерал Данат, кој беше началник на Генералштабот на британските вооружени сили од 2006 до 2009 година.
Тој истакна дека треба да се врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин.
– Речиси сè што Русите направија досега е надвор од вообичаеното воени конвенции, посочи генерал Данат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…