БРИТАНСКИ ДОКУМЕНТИ: Грабнувачите на мис Стон се Македонци, а не Бугари или „турски дезертери“, како што отпрвин се мислело

t

Грабнувачите на госпоѓата Стон се Македонци, а не Бугари или „турски дезертери“ како што отпрвин се мислело, пишува во телеграмата од британскиот конзул во Софија, Џејмс Мекгрегор и амбасадорот Лишман од 19 септември 1903 година во врска со познатата афера „мис Стон“.

Ова и прилог од цитираниот документ е објавен на страницата на Фејсбук, која се занимава со историски прашања „Macedonia: a True Endless Story“.

Во продолжение целата објава и прилогот со извори и документи за познатата афера, две години пред Илинденското востание во Македонија.

ДИПЛОМАТСКИ ДОПИСИ ЗА АФЕРАТА „МИС СТОН”: СТРАНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ИЗВЕСТУВААТ ЗА МАКЕДОНЦИ

Во август 1901 година, македонските револуционери на чело со Јане Сандански ја задржале американската мисионерка Хелен Стон (Helen Stone) со цел да добијат откуп за финансирање на вооружената борба за независна Македонија.

Странските дипломатски претставници во своите преписки, често ги користеле официјалните отомански називи за разните народи во империјата. Таа терминологија се засновала на припадноста кон одреден милет т.е. црковно-религиозна заедница.

Да потесетиме дека во тоа време македонската црква била затворена од Отоманските власти, а употребата на името Македонија било забрането од султанот.

Меѓутоа, доколку поподробно се разгледа дипломатската кореспонденција, станува јасно дека и покрај горенаведените органичувања странските претставници прават разлика и известуваат за Македонците како одделен, засебен народ.

Во поранешна објава дадовме пример како амбасадорот на САД во Отоманската Империја, Џон Лишман (John G.A. Leishman), го информирал Државниот Секретар на САД, Џон Хеј (John Hay), дека според добиените информации, грабнувачите на Хелен Стон се Бугари или пак Македонци.
https://www.facebook.com/photo?fbid=376935211082757&set=a.833019396723952

Сега ја даваме на увид коресподенцијата меѓу Британскиот конзул во Софија, Џејмс Мекгрегор (Јames McGregor) и амбасадорот Лишман од 19 септември 1903 година.

Имено, Мекгрегор тогаш испратил дипломатски допис до Лишман со кој известува дека Отоманскиот главешина Селим бег го информирал дека примил телеграма од Владата во Цариград. Во телеграмата стоело објаснување дека грабнувачите на госпоѓата Стон се Македонци (а не Бугари или „турски дезертери“ како што отпрвин се мислело).

„Морам да истакнам дека информацијата ја добив од Селим бег, вршител на должност Отомански комесар, кој патем добил телеграма од неговата Влада во којашто се потврдува дека грабнувачите се Македонци и дека тој се подготвува да испрати остра порака до Бугарската влада со која ќе побара да се спроведе строга истрага“.

ИЗВОР: Foreign Relations of the United States and the Annual Message of the President Transmitted to Congress, December 2, 1902, Washington, DC. –/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Многу јако: Цигари, патики, штрафилици –…

За време на продолжениот викенд и во…

Гренел: Албин Курти е проблем и сите…

Американската амбасада во Приштина синоќа соопшти дека…

Филипче го повика Мицкоски веднаш да ги…

Доколку Мицкоски поседува било какви информации за…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…

Вјоса Османи носела торба полна пари и…

Извори на Инфомакс од аеродромот во Скопје…