Британски разузнавачи: Русија е значително ослабена од војната, ќе требаат години за да се врати во нормала

Британското Министерство за одбрана соопшти дека конфликтот во Украина значително ги оштетил руските вооружени сили и нивната опрема.
Во борбите е уништен најмалку еден Т-90М, најмодерниот тенк на руската армија. Овие тенкови беа претставени во 2016 година и имаат подобрен оклоп, оружје и најнапредни системи за сателитска навигација. Околу 100 од овие тенкови се во употреба.
Конфликтот во Украина сериозно ги оштети некои од најспособните руски единици. Ќе треба многу време и пари за Русија да ги обнови своите сили по војната. Посебно ќе биде предизвик да се замени најсовремената опрема, поради санкциите што се воведени – наведoa британското министерство на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ништо од поддршката: Германија нема да ѝ…
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата…
Зеленски призна: Ситуацијата е многу тешка
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави синоќа…
“Тешко на Русите”: Украинците тврдат дека уништиле…
Украинската војска денеска преку објава на Фејсбук…
Османи: На Русија и одговара да ги…
Руската Федерација е еден од факторите на…
Претседателот на воениот комитет на НАТО: Алијансата…
Војна во Украина, 340 ден. Се водат…