Британско министерство за одбрана тврди: Путин отпушта високи команданти поради воени неуспеси

Во денешниот извештај на Министерството за одбрана на Велика Британија, фокусот е на наводното отпуштање на руски високи армиски команданти, затоа што не постигнале добри резултати во војната во Украина, јавија британски медиуми.
Лицата за кои се верува дека се отпуштени од рускиот претседател Владимир Путин, се генерал полковникот Серхиј Кисел, кој командуваше со елитната 1-ва гардиска тенковска армија, бидејќи не успеа да го освои Харков, потоа вицеадмиралот Игор Осипов, кој командуваше со руската Црноморска флота, по потонувањето на бродот „Москва“ во април, како и началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов.
Герасимов, според британското Министерство за одбрана, можеби и сè уште е на функција, но, најверојатно, ја изгубил довербата на Путин, јави Би-би-си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остар пад на берзите, инвеститорите стравуваат од…
Цените на акциите на светските берзи драстично…
ЖФК Башкими оддаде почит кон 59-те жртви…
Женскиот фудбалски клуб Башкими оддаде почит кон…
Нов црн биланс од земјотресот во Мјанмар:…
Во шест региони на Мјанмар е прогласена…
Осомничена за убиство на мајка си била…
Полицијата ја сомничи Милена Крамер (62), членка…
Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите…
Ги замолуваме јавно надлежните институции и медиумите…