Објавено на:

Британско министерство за одбрана: Украина го контролира својот воздушен простор

t

Британското министерство за одбрана, соопшти дека Украина ја задржала контролата врз поголемиот дел од својот воздушен простор, истакнувајќи дека Русија не успеала да ги уништи украинските воздушни сили и нејзината противвоздушна одбрана.

Русија има многу ограничен воздушен пристап до северот и западот на Украина, а нејзините офанзивни дејства се ограничени на удари со оружје од долг дострел – се вели во соопштението на британското министерство на Твитер.


Според извештајот на британската воена разузнавачка служба, „руската воздушна активност е првенствено насочена кон јужна и источна Украина, за давање поддршка на руските копнени сили“.

Русија продолжува да ја гранатира украинската воена опрема и логистичка инфраструктура низ целата земја – соопшти Министерството.


.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ОВА Е ЛЕГЕНДАТА НА ПРОТЕСТИТЕ: Бугарски…

Ја имаме легендата на протестите во Скопје…

Засега нема нови Ковид мерки, иако се…

Засега не се планираат нови мерки за…

Околу 500 шверцери се подготвувале да провоцираат…

Инфомакс неофицијлано дознава дека околу 500-тини припадници…

Таравари, царе, може да извадиш мапа каде…

Арбен Таравари денеска предизвика лавина реакции на…