Објавено на:

Британско МНР: Русија преку „фабрика на тролови“ шири дезинформации на социјалните мрежи

t

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија користи „фабрика на тролови“ за да шири дезинформации на социјалните мрежи за војната во Украина и за политичарите во голем број земји, вклучително и Велика Британија и Јужна Африка.

Во истражувањето финансирано од Велика Британија се наведува дека мети на „троловите“ биле британски министри и други светски лидери, а трагите од операцијата биле откриени на осум социјални мрежи, меѓу кои Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТок.

Во соопштението на британското МНР се посочува дека истражувањето открило дека кампањата за дезинформации на Кремљ била дизајнирана да манипулира со меѓународното јавно мислење за руската инвазија врз Украина, да ја зголеми поддршката за Русија и да регрутира нови симпатизери.

Русите ја користеле Телеграм за регрутирање и координирање на нови поддржувачи, кои потоа ги таргетираат профилите на социјалните мрежи на критичарите на Кремљ, пишувајќи коментари во корист на рускиот претседател Владимир Путин и неговата војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетничка се фрлила од прозор од Клиниката…

A.Ш. родена 2006 година денеска се фрлила…

Поради Отворен Балкан: 30.000 Македонци и Албанци…

Наскоро, граѓаните на Србија, Северна Македонија и…

Од утре пороен дожд: Конечно ќе здивнеме…

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…

Македонците во светот бараат извинување од Ескобар:…

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечка организација на…

Левица удри по министерот за правда! –…

Скандалозен е молкот и немањето реакција на…