Британците незадоволни: Албански мигранти ги полнат нивните затвори

t

Албанците ги окупираат британските затвори”, пишуваат британските медиуми во написи посветени на ситуацијата со илегалните албански мигранти кои пристигнале во Обединетото Кралство, од кои дел се влучиле во нелегални активности, пред сè производство и трговија со дрога.

Активисти предупредуваат дека Велика Британија ризикува да стане „Алкатраз на Албанија” доколку „бројот на криминалци од оваа балканска земја продолжи да расте со сегашната брзина”.

Официјалните бројки покажуваат дека во 2012 година во британските затвори имало 180 Албанци, но до минатата година бројот се зголемил речиси деветпати, односно на повеќе од 1.500. Надлежните предупредуваат дека ако бројот продолжи да расте со ова темпо, за само четири години ќе ја надмине бројката од 5.000.

– Четворица од десет луѓе, кои опасниот премин преку Каналот го поминуваат со мали чамци или пристигнуваат со камиони, се од Албанија. Само во изминатите шест недели, 1.075 Албанци со мали чамци, организирани од банди за криумчарење луѓе, го преминаа Каналот, наведуваат британските медиуми.

По големиот бран мигранти, министрите на двете земји се договорија албански полициски офицери да бидат стационирани во Довер и други британски пристанишни градови за да помогнат во идентификација и депортирањето на илегалните мигранти од Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мој е живот “Швицарска”: Пукање кај подвозникот…

Победата на Швајцарија над Србија со 3:2,…

Ја освојуваат Британија: Секој трет мигрант кој…

Британските медиуми пренесуваат дека секој трет имигрант…

Курти: Албанците историски се народ од ослободителен…

Во Амбасадата на Албанија во Приштина, по…

Зендели: ДУИ и Алтернатива да го иницираат…

Ќе видиме како ќе се позиционираат. Одговорноста…

Британското МНР: Никаква опрема – Мобилизираните Руси…

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот…