Брнабиќ: Им благодариме на безбедносните служби што спчерија атентат врз Вучиќ

t

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ се осврна на изјавите од судењето на криминалната група на Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, кој е осомничен за повеќекратни убиства. Брнабиќ вели дека по изјавите во Специјалниот суд во Белград, јасно е дека кланот Беливук бил подготвен да ја смени демократски избраната власт во Србија.

Таа изјави дека најголем противник на кланот на Беливук е српскиот претседател Александар Вучиќ, за кој, како што вели, бил планиран атентат.

„Им благодариме на нашите безбедносни служби што го спречија атентатот врз претседателот на Србија кога тој објави војна против организираниот криминал и мафијата. Но борбата не е завршена, директорите и главните организатори се уште се на слобода и надвор од дофатот на нашите служби“, напиша Брнабиќ на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Вучиќ нема дилема: Кирилицата е напишана…

Претседателот на Република Србија со лидерите на…

Абазовиќ најави посета на Србија на 29…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…

Борел: Србија е искрен кандидат за ЕУ

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Кога Лавров не може во Србија, неговиот…

-Србија со големо задоволство ја прифати поканата…

Вучиќ незадоволен од околината што ја спречи…

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на…