Брнабиќ: Нашите граѓани немаат чувство колку е евтина струјата овде

Струјата таму е толку скапа што секој ден размислуваш како да бидеш поефикасен затоа што те удира по џебот, Брнабиќ откри детали од секојдневието во оваа европска земја…
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека државата може да ја надмине кризата само ако граѓаните работат на тоа заедно, а ги повика да покажат одговорност и да се угледаат како постапуваат денес во Германија.
„Нашите граѓани немаат чувство колку е евтина струјата овде. Ајде, кога ќе излеземе од просторијата да ја исклучиме сијалицата, малку полесно ќе и биде на државата да прераспределува струја на друго место, или помалку да увезува“ , изјави Брнабиќ за ТВ Хепи.
„Кога живеев во Велика Британија, имавме лустер со три пати четири сијалици, а вие одвртете една затоа што не ви треба сè. Струјата таму е толку скапа што секој ден размислувате како да бидете поефикасни затоа што ве удира по џебот“, додаде Брнабиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…