Бројот на смртни случаи од Ковид-19 од минатата зима е за 90 осто намален

t

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација.

Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000.

Иако тоа е позитивен развој, премногу луѓе сè уште умираат, рече Тедрос за време на прес-конференција.

– Речиси 10.000 смртни случаи неделно се 10.000 премногу за болест која може да се спречи и лекува, нагласи тој.

– Ковид-19 сè уште е пандемија, рече епидемиологот на СЗО Марија Ван Керхове.

Претходната недела, ширум светот беа пријавени околу 2,1 милион нови инфекции. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Харадинај за Курти: Повторно ќе го направи…

Рамуш Харадинај му порача на косовскиот премиер…

Пендаровски во посета на Белгија: Ќе разговара…

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во…

Рано утрово земјотрес ја погоди Хрватска

Ноќеска во 2 часот и 3 минути…

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница…

За денеска во Основниот суд во Тетово…

Денеска македонско-бугарски бизнис форум „До една милијарда…

Под покровителство на министрите за надворешни работи…