Бројот на смртни случаи од Ковид-19 од минатата зима е за 90 осто намален

t

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација.

Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000.

Иако тоа е позитивен развој, премногу луѓе сè уште умираат, рече Тедрос за време на прес-конференција.

– Речиси 10.000 смртни случаи неделно се 10.000 премногу за болест која може да се спречи и лекува, нагласи тој.

– Ковид-19 сè уште е пандемија, рече епидемиологот на СЗО Марија Ван Керхове.

Претходната недела, ширум светот беа пријавени околу 2,1 милион нови инфекции. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе настапи во…

Како што известуваат од неговиот тим, в…

(Видео) СТРАШНА БУРА ВО БУДВА: Ветер од…

Силен ветер и бура се забележани во…

Дуда: Ќе кренам железна завеса до небо…

Во своето обраќање до медиумите, Дуда истакна…

Грковска од Вашингтон: Со одолговлекување на членството…

За Македонија, како најнова членка на НАТО…