Објавено на:

Брука: Украина ја обвини Русија за кражба на стотици илјади тони жито

t

Украинскиот заменик министер за земјоделство, Тарас Висоцки денеска ја обвини Русија дека украла стотици илјади тони жито од окупираните територии.

Говорејќи на украинската национална телевизија, Тарас Висоцки рече дека се плаши дека Русија може да украде поголем дел од 1,5 милиони тони жито во областите кои сега се под нејзина контрола.Засега нема коментар од Русија во врска со овие обвинувања.

Висоцки, сепак, ги уверува Украинците дека нема да има недостиг од храна.

Товарен брод со повеќе од 71.000 тони украинска пченка го напушти романското пристаниште Констанца во четвртокот, првпат откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Украинската стока се извезува во пристаништето Констанца, што е гест на романска солидарност, додека руската морнарица продолжува да го блокира пристаништето во Одеса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба: Украина ќе продолжи во битката против…

Украина ќе продолжи во битката против руската…

Путин: Цел свет им се смее на…

Светот им се смее на некои од…

Нема НАТО за Украина, туку само патоказ

Блокот предводен од САД вети „интероперабилност“ -…

НАТО: Русија има огромна зимска залиха на…

Руските сили се подготвуваат за нови напади…

Москва: Примирје во Украина е малку веројатно…

НАТО се коцка со базичните интереси на…