Брутална одлука на Рускиот суд – му нареди на каспискиот нафтовод да ја блокира испораката кон Европа на 30 дена!
Рускиот суд му нареди на Конзорциумот на Каспискиот нафтоводд (CPC), еден од најголемите светски нафтоводи, да ја прекине активноста на 30 дена, јавува Ројтерс.
Конзорциумот, кој поседува околу 1,0 отсто од глобалната нафта и чии членови се американските компании Шеврон и Ексон, рече дека одлуката на судот да ги суспендира нивните операции се должи на прашања поврзани со проблемот со излевањето на нафта и дека CPC мора да ја почитува пресудата. Тие одбија да коментираат повеќе за нивните активности и операции.
Според еден извештај во кој Ројтерс имал увид, товарењето на нафтата од терминалот на CPC продолжило и вчера попладне, односно на 5. јули, но не е сигурно дали тие активности ќе продолжат денеска.
Со ваквата одлука Русија го запре транзитот на нафта од Казахстан во Европа. Главниот извозен пат за нафтата на Казахстан сочинува повеќе од 80% од волуменот што се испумпува преку гасоводот (67 милиони тони нафта годишно).
Казахстан има големи резерви на нафта, но е без излез на море, освен на Каспиското Море. Нафтата се извезува од Казахстан преку терминалот на Црното Море. Русија и Казахстан неодамна имаа несогласувања околу војната во Украина.
Казахстанскиот претседател Касим Токаев одби да ја признае Република Донбас.
Неодамна, Токаев му рече на Европскиот совет дека Казахстан со задоволство ќе и помогне на ЕУ да го стабилизира својот енергетски пазар со обезбедување повеќе нафта и гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА вечерва кај скопската обиколница
Тешк сообраќајна несреќа вечерва се случила кај…
(Видео) Ставете појаси, спремете коленца, „Тешки Мубаети“…
Драги наши читатели и гледачи, наскоро почнуваме…
Петровска до Мицкоски: Претходно ме клеветевте, сега…
Пишува Славјанка Петровска на социјалните мрежи: Ме…
Борел: Операцијата на Украина во правец на…
Офанзивната операција на украинската армија во правец…
НАСИЛНО ЈА ВНЕЛ ВО ВОЗИЛО И ЈА…
Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка…