Бугарите во Македонија никогаш не биле над 1 отсто од популацијата: Се намалува бројот на етнички Македонци – пописни податоци низ историјата
Во 1961 година 71 отсто од населението во Македонија биле Македонци, 13% Албанци, 9% Турци, а 7 отсто од населението биле припадници на, како што пишува во тогашните документи, други народности од словенско и несловенско потекло од југословенските и нејугословенските народи и народности – пишува МКД.мк.
Според овие документи, од тие 7 отсто, 42.000 биле Срби, 11.000 Хрвати, Црногорци и Словенци, 3.000 муслимани (по етничка припадност), 20.000 Роми (тогаш „Цигани“) и други, главно Бугари, Руси, Унгарци и Романци, пишува во документот „Некои демографски карактеристики на бугарското население во СР Македонија во 1961 и 1971 година“, од Блага Белчева, тогашен демограф во Заводот за статистика.
Според документот, во 1961 во структурата на населението на Македонија, Бугарите не учествувале ниту со еден процент и затоа податоците за нив се искажуваат во групата „останати народности“.
Во 1948 година во Македонија биле регистрирани 889 Бугари, во 1953 – 920, а во 1961 – 3.087.
Во 1948 од 889 Бугари, 563 биле жени. Според пописот од 1953 година, од вкупниот број Бугари 520 биле жени, а во 1961 од 3.087 лица 1.713 се жени. Тоа значи дека во повоените години се доселувале повеќе машки лица отколку женски, заклучиле статистичарите од тој период.
Во 1961 година од сите регистрирани Бугари најголем број живеат во скопската околија, и тоа главно во општините Идадија (311), Кисела Вода (178) и Петровац (150), потоа во Т.Велешката околија 715 лица, од кои во Градско 383, во Штипската околија 598, Кумановска околија 454… Најмалку Бугари се регистрирани во Битолската околија, вкупно 101, и во Тетовско, 155 лица.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…