Бугарите по осми пат не избраа претседател на Собранието
Ниту по осмиот обид, 51. состав на Народно собрание на Бугарија не избра свој претседател, јави БТА.
Во вториот круг гласање се соочија Наталија Киселова од „БСП-Обединета левица“ и Силви Кирилов од „Има таков народ“, но ниту еден од нив не доби потребен број гласови.
Киселова доби 87 гласа „за“, 61 „против“, а 88 се воздржаа. При повторното гласање, побарано од Божидар Божанов од „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“, 87 пратеници гласаа „за“, 60 беа „против“, а 90 се воздржаа. Божанов изјави дека поддршката за претседател зависи од спроведување на санитарниот кордон за Делјан Пеевски.
Киселова беше поддржана од ГЕРБ-СДС и „БСП-Обединета левица“, додека „ДПС-Нов почеток“, „Има таков народ“ (ИТН), „Морал, единство, чест“ (МЕЧ) и еден пратеник од ГЕРБ-СДС гласаа против. Пратениците од „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“, „Преродба“ и „Алијанса за права и слободи“ (АПС) се воздржаа.
Силви Кирилов освои 99 гласа „за“, 112 „против“ и 26 воздржани. Повторното гласање покажа исти резултати.
Претседавачот Кирилов по консултациите објави дека следната седница ќе се одржи в среда, 4 декември, во 11:00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарите по осми пат не избраа претседател…
Ниту по осмиот обид, 51. состав на…
Собранието вработува дури 27 лица – Плати…
Собранието сака да се „поднови“ со 27…
Пратенички прашања денеска во Собрание
Собранието денеска ќе ја одржи 21. седница,…
Јотова: Бугарија не поставува дополнителни услови за…
Бугарија никогаш не отстапила од договорената рамка…
Српски пратеник: Вучиќ криејќи се зад Брнабиќ…
Расправата за Предлог-буџетот на Србија за 2025…