Бугарија со поддршка за Украина, најави испраќање на вoeна опрема и хуманитарна помош, Унгарија нема да испраќа oружје во Киев

t

Бугарија им се придружува на земјите кои решија да ја поддржат Украина. Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе обезбеди хуманитарна помош и воено-логистичка поддршка.

Унгарија, пак, најави дека нема да испорачува оружје на Украина, соопшти премиерот Орбан

Веќе четврти ден од воената операција во Украина. Москва и Киев се подготвени за преговори. Путин нареди посебен режим за руските нуклеарни сили. Руската армија ја презеде контролата врз аеродромот во близина на Керсон. Гранатирањето продолжува во Донбас. Западот најави замрзнување на имотот на Централната банка на Русија, како и дека одредени банки ќе бидат исклучени од SWIFT.

Ситуацијата ескалираше откако Киев ја засили офанзивата против ДНР и ЛНР, по што Русија, на барање на републиките, ја призна нивната независност и ги ратификуваше договорите за пријателство и соработка. Три дена подоцна, рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на специјална воена операција во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската армија обвинува: Украинците претвораат цивилни објекти…

Руска армија: Украинските нацистички баталјони ги претвораат…

Русија достави 507 тони хуманитарна помош во…

Пет хуманитарни акции беа спроведени од страна…

Путин ги пофали младите Руси за активната…

Младите во Русија се трудат да го…

САД праќаат нова тура воена помош во…

САД се подготвени да и дадат на…

Николај Милков: Нужно е да зборуваме со…

Со PM имаме шанса да ги решиме…