Бугарскиот амбасадор во САД: Има обид да се протурка резолуцијата во корист на Македонија, спорот нема да биде решен

t

„Има обид да се протурка резолуција со доста неточен текст во американскиот Конгрес. По предавањето на акредитивните писма, на Бајден ќе му го објаснам тоа, дека е продлабочување на спорот со PCM кој така нема да биде решен“.
Ова го изјави за „Офанзивна“ бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Георги Панајотов. Тој кажува дека државата Мичиген веќе усвоила резолуција според која е одреден септември 2021 година за месец во чест на придонесот на Македонија во САД.
„Бугарија и САД се пријатели и сојузници во НАТО и исто така стратешки партнери. Разговаравме како да ги зголемиме американските инвестиции во нашата земја. Проблемот со Северна Македонија мора да се реши со волја и визија на политичките лидери на двете земји без компромиси со бугарските национални интереси“, категоричен е тој.
Проблемот со Македонија произлезе од нивните погрешни постапки и националистички ставови.
„Соединетите Американски Држави и Европската Унија имаат интерес за побрзо решавање на проблемот. Го повикав Вашингтон да разбере и бев разбран“, рече Панајотов.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бугарски претставници положија цвеќе пред возобновениот…

„За да бидеме ефикасни и добри сојузници,…

Дрзок однос на бугарското МНР: Северна Македонија…

Бугарското Министерство за надворешни работи го повика…

Османи: Може и да не добиеме нов…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва…

Бајден ќе го санкционира руското злато

Американскиот претседател Џо Бајден и највисоките функционери…