Бугарскиот министер за одбрана: Постои ризик поради мобилизацијата во Русија
Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов во преодната влада, по повод делумната воена мобилизација најавена во Русија изјави дека постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но нема директна закана.
Според Стојанов, најавената мобилизација природно води кон интензивирање на конфликтот, а неговиот крај е тешко да се предвиди, пишува БНР.бг.
„Постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но нема директна закана. Бугарија е членка на НАТО, во системот на „колективна одбрана“ сме добро опишани со член 5. Ова ја гарантира нашата национална безбедност. Конфликт кој е замрзнат, тлее или жежок конфликт како во Украина е ризик за национална безбедност, каков било конфликт. Ние го чувствуваме тоа самите, гледаме што се случува со цените“, рече тој.
Преоданата влада денес прифати 13 инвестициски проекти за модернизација на бугарската армија.
Програмата е за приоритетни трошоци во вредност од 6 милијарди и 600 милиони лева, вклучувајќи ги и вторите 8 американски борбени авиони Ф-16 Блок 70 во вредност од 1 милијарда 296 милиони долари и вооружувањето за нив.
САД можат да ги испорачаат вторите 8 ловци на бугарските воздухопловни сили во 2027 година, истакна министерот Стојанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска се извини за „лошо срочената изјава“…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…
ПОВТОРНО Е ИСКРШЕНА СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА КАРПАЛАК!
Вчера се навршија 23 години од масакрот…
Приведен лихвар од Гостивар
На 08.08.2024 во 23.40 часот во Гостивар,…
Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…
Во петокот рано наутро дошло до пукање…
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…