Бугарскиот МНР: Да не се шири пропаганда, Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на Западен Балкан

Бугарското претседателство со Советот на Европската унија (ЕУ) силно ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ова го изјавил вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов на форумот „EU meets the Balkans“ што денеска се одржува во Софија.
Според него, на политиката на проширување не треба да се гледа како на автоматски лек за решавање на економските проблеми, туку тоа може да се направи само преку широки демографски реформи. Тој посочил дека сликата во регионот е измешана. Според него, има многу позитивни случувања како што се почетокот на преговорите за пристапување на Албанија, отворањето на првата фаза од преговорите со Република Македонија и визното ослободување за граѓаните на Косово.
Министерот изразил мислење дека наследството од минатото создава ранливост што го отежнува присоединувањето со агендата на ЕУ.
-Има широко распространета дезинформација, пропаганда против ЕУ, затоа мора да ја поддржиме слободата на медиумите, човековите права и да се бориме против јазикот на омразата, посочил Кондов.
Како што објави „БТА“, бугарскиот министер дал пример за односот кон Бугарите во Република Македонија.
Според него, во последните 50 години гледаме поинаква реалност во геополитичката ситуација.
-Втората година од неиспровоцираната агресија на Русија против Украина доведе до цврст одговор од ЕУ, иако моравме да направиме многу жртви и општествата го носеа најголемиот товар. Сепак, сакаме да го зачуваме меѓународниот поредок заснован на правила што гарантира стабилност, коментирал Кондов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски-Лајчак: Македонија да го задржи европскиот курс
Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски…
Земјоделците во Бугарија ќе блокираат патишта и…
Во Бугарија денеска почна националниот протест на…
ЕУ побара од Полска, Унгарија и Словачка…
Европската комисија ги повика Полска, Унгарија и…
Бугарија во паника: Пронајден дрон, не се…
Модуларна формација за отстранување муниција од поморската…
Кузеска: СДСМ се бори за членство во…
СДСМ е посветена на членството во ЕУ…