Бугарскиот професор: Нема дилема дека македонскиот е посебен јазик, а не дијалект и секој што тоа го негира мора да е слеп!

t

Македонскиот јазик не е дијалект туку е посебен литературен јазик кој луѓето го користат и тој што го негира тоа мора да е слеп, вели проф. д-р Александар Ќосев, историчар на културата и научник, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, објави БГНЕС.

– Историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната и нејзината хипотетичка интервенција во 1945 година. На оние кои тврдат дека македонскиот јазик е вештачки мора да им се каже дека и бугарскиот јазик е вештачка конструкција, создаден е во 19 век, вели Ќосев.

Бугарскиот професор вели дека нема дилеми околу македонскиот јазик:

– За мене нема дилема дека македонскиот јазик е посебен литературен јазик и дека луѓето го користат. Тоа не е дијалект, бидејќи дијалектот се користи во одредени функционални сфери на општеството, односно дома, во секојдневниот живот, во домашна смисла, на нивоа, но дијалектите не можат да им служат на сите сложени современи сфери на животот. Дијалект не може да се користи во болници, училишта, дипломатски канцеларии. Значи, македонскиот јазик од оваа гледна точка е полноправен јазик, вели професор Ќосев.

Тој смета дека историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната и нејзината „хипотетичка или нехипотетичка интервенција“ во 1945 година.

– Започнува многу порано, кога источните и западните дијалекти во овие земји почнаа да се оддалечуваат и да имаат различни културни судбини. Секој што го читал списанието Македонија знае што пишува таму за македонскиот јазик Петко Славејков. Со два збора, македонскиот јазик од една или друга причина се одвои, има самостојна судбина, му служи на целото македонско општество, на тој јазик е напишана моќна поезија, додава Ќосев.

Јазикот има традиција, додава бугарскиот професор, и тој што го негира мора да е слеп, а тој што го сведува на некакво потекло мора да запомни дека зборот потекло има две значења – потеклото на родот и потеклото на поединецот.

– Никој не може да им го одземе чувството дека го зборуваат својот мајчин јазик на Македонците, категоричен е универзитетскиот професор д-р Александар Ќосев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 330.000 ДЕНАРИ чинело патувањето на Тошковски…

Шетајте луѓе, ич „да не ви чуе“,…

Пу – пу неважи: Коалицијата „Вреди“ го…

Рокот од шест месеци за отворање на…

(Фото) Запален контејнер спроти УЈП

Пред малку бил запален и целосно изгоре…

Македонците втор најгневен народ во Европа

Граѓаните на Македонија се рангирани на второто…

Претрес во Неготино- пронајдени пиштол и куршуми…

На 08.08.2024 во 14.50 часот, полициски службеници…