Бугарски налепници со “Еден народ сме” осамнаа на споменици и јавни места низ Кочани

t

Општина Кочани испрати писмен допис до јавноста во кој ја осудува постапката на лепење фотографии со текст и бугарски обележја, што изутринава се појавија на спомениците и на јавни места во централното градско подрачје.

-На повеќе објекти во градот се забележани вандалски постапки со лепење фотографии со текстови и со обележја на бугарски симболи. Општина Кочани најостро ги осудува ваквите постапки и бара од МВР – ОВР – ПС Кочани да ги прегледаат сите видеонадзори на околните објекти, да ги пронајдат сторителите и да преземат мерки согласно закон, стои во дописот од Општината.

Налепници со натпис „Еден народ сме”, во комбинација со бугарско и македонско државно знаме, како и фотографии на кои е претставен орел аплициран на бугарско знаме, беа залепени на бистите на првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата, на столбови за јавно осветлување, како и на ѕидовите на јавни институции.

Од Одделението за внатрешни работи во Кочани информираа дека случајот е пријавен и евидентиран кај нив и ќе биде предаден на натамошна постапка.

(Фото: МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…