Објавено на:

Бугарски пратеник: Да се вратат коските на цар Самоил во Бугарија ќе биде гест за кревање на ветото

t

Македонија и нејзиното вето за влез во Европската унија не е водечка тема за народот во моментов. Нема да го укинеме ветото доколку земјата не даде гаранции или гестови дека ќе ги исполни преземените обврски. Еден таков гест е враќањето на коските на цар Самоил во нашата земја, изјавил Венко Сабрутев, пратеник од владеачката бугарска партија „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев.

Според него, актуелни теми за бугарскиот народ се инфлацијата, цената на горивата и гасната криза, а не Македонија.

-Нашиот западен сосед мора да ги исполни своите обврски и да направи гестови кон Бугарија за да му потврди на бугарскиот народ дека ќе ја промени својата политика, нагласил Сабрутев.

Пратеникот смета за прашањето за Македонија треба да се бара национален консензус и не може да се очекува единствено решени.

-Секоја институција мора да ја одигра својата улога, мора да разговара со претседателот, владата и да има национален консензус меѓу народот, објаснил Сабрутев.

Тој прецизирал дека парламентот е институцијата која може да донесе одлука за Северна Македонија.

-„Продолжуваме со промените“ предложи да се организира Консултативен совет за национална безбедност свикан од претседателот на државата, за да се слушнат сите гледишта на темата. Нека ни кажат службите за што се работи, дали имаме причини да одиме напред и дали треба уште малку да работиме, потенцирал Сабрутев, во изјава за „БНТ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дополнителни 36 спасувачи ќе бидат испратени во…

Дополнителни 36 припадници на специјалните сили обичени…

Средба на историската комисија на 16 и…

Последните случувања во македонско – бугарските односи…

Земјотрес ја стресе и Бугарија

Според податоците на Националниот сеизмолошки центар при…

Ковачевски: Испративме писмо до Европскиот парламент и…

Владата и министерот за надворешни работи го…

Ковачевски: Не можеме да ѝ се мешаме…

На 4 февруари беа спроведени кај нас…