Објавено на:

Бугарското вето му се заканува на целиот европски проект на Балканот

t

Една од најугледните германски аналитичари за Балканот Јохана Дајмел, изјави за Бугарското национално радио (БНР), дека бугарското вето кон Скопје му се заканува на целиот европски проект на Балканот.

Дајмел, која е и поранешна членка на бордот на директори во влијателното германско Здружение за Југоисточна Европа во Минхен, се запрашува во чиј интерес е да биде блокирана одлуката за проширување на ЕУ, и каков сигнал испраќа Унијата кон Украина, Молдавија и Грузија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според неа, станува збор за руско мешање и оти логичното објаснување на некои нејзини колеги во Бугарија дека во спорот меѓу Софија и Скопје е вмешана Москва.

– Во никој случај не негирам дека има поинакво толкување на минатото. Но, во исто време сфаќам дека овој спор и бугарското вето го загрозуваат целиот европски проект на Балканот. Не мислам дека Бугарија има корист од ова. Анкетите покажуваат дека 63 отсто од Бугарите ги поддржуваат санкциите на ЕУ против Русија. Тоа не значи ништо друго освен дека европската солидарност во Бугарија е голема. Токму тоа е исклучително важно во моментов. Па се прашувам зошто токму сега, кога очигледно имаше шанса да се најде компромис меѓу Софија и Скопје, Слави Трифонов реши да ја напушти коалицијата? Кој има корист од ова? Зошто токму сега, кога се соочуваме со енергетски, економски и политички тешкотии, некој ја става Бугарија во владина криза? Уште повеќе, откако стана јасно дека Северна Македонија е подготвена да исполни едно од клучните барања на Бугарија – да ги вклучи Бугарите како државотворен народ во Уставот на земјата? Можеби ќе дојдеме до парадоксот на укинувањето на ветото, но нема влада да ја спроведе оваа одлука во пракса – оценува Дајмел.

Таа наведува дека сепак станува збор за спор меѓу две земји-членки на НАТО и оти е јасно дека договорот меѓу Бугарија и Македонија мора да содржи компромиси.

– Големите западни сили како Франција, Германија и САД се обидуваат да помогнат да се постигне договор. Нивната интервенција е насочена кон ограничување на руското влијание. Затоа што дестабилизацијата на регионот и помага на Русија – истакна Дајмел за БНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прашуваат Американци каде е Украина, а…

На почетокот на руско-украинската војна, водител прави…

И МЗ се огласи за мајмунските сипаници…

Од Институтот за јавно здравје сме информирани…

Тридневна жалост во Црна Гора по трагедијата…

Владата на Црна Гора ќе прогласи тридневна…

Медведев: Има нуклеарки и во ЕУ, и…

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев упати скриена…

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Свети Евдоким Роден во Кападокија од благочестиви…