Бурна свадба во Тетовско: 60-годишник пукал од пиштол, свадбари ги спречувале полицајците да го ,,соберат”

Тетовската полицијата информира дека половина час пред полноќ бил приведен 60 годишник од Седларево поради сомнение дека пукал на свадба и со тоа го нарушил јавниот ред и мир.
При приведувањето дел од гостите на свадбата спречувале полициски службеници во работата.
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (18 август) околу 23 часот и 30 минути, во тетовско Седларево, го лишиле од слобода 60-годишниот А.А. од ова село, поради сомнение дека претходно на свадбена свеченост организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир. Набрзо, повеќе лица кои присуствувале на свеченоста спречувале полициски службеници во вршење на службените дејствија, по што А.А. бил донесен во Полициската станица Тетово и му бил одземен пиштол „ЦЗ“ со рамка со 6 куршуми калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според СВР Тетово по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
Од СВР Тетово информираат дека 30 годишник од Слатино откако излегол од свадба во селото бил нападнат од соселанец поради нерасчистени односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…