Буча ги скара Путин и Макрон: Францускиот претседател вели дијалогот е завршен

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин е закочен откако беа откриени масовните убиства на цивили во неколку градови во Украина.
„Од масакрите што ги откривме во Буча и во другите градови, војната доби поинаков тек, па оттогаш не разговарав директно со него, но не исклучувам дека тоа ќе го направам во иднина“, рече Макрон. Телевизијата Франс 5.
Макрон, кој во моментов се фокусира на вториот круг од претседателските избори во Франција, војната во Украина ја гледаше како начин да го подобри својот рејтинг и да ја крене популарноста на Франција на меѓународна сцена.
Пред актуелниот француски претседател викендов е тесна битка против Марин Ле Пен, реприза од изборите во 2017-та година.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон со свиткана опашка си заминува од…
По пучот во Нигер, воената хунта на…
Ванг ЈИ го потврди стратешкото партнерство на…
Посетата ја потврди стабилноста, соработката и независноста…
Путин со коментар за конфликтот во Нагорно-Карабах
Москва прави се` за да се заштитат…
Ким Јонг Ун: Северна Кореја ќе ѝ…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун му ветил на…
Путин и Ким се ракуваа: Русија ќе…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва…