Важна информација за сите што патуваат: Поради одрони сообраќајот на Кичево-Охрид се одвива по една коловозна лента

t

На магистралниот пат Кичево – Охрид, кај село Врбјани од 12:30 часот сообраќајот на една коловозна лента е блокиран.

Како што соопшти АМСМ, причина за тоа се одрони на пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте: Одрони на патот Делчево – Р.Бугарија

Појава на одрони е регистрирано на патниот…

Возачи бидете внимателни: Можна појава на одрони…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Важна информација за сите што патуваат: Поради…

На магистралниот пат Кичево – Охрид, кај…

Ковачевски денеска на увид на градежните работи…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид…

Конечно: Во август ќе се отвори првата…

Во понеделник ќе биде пуштен во употреба…