Вардар го победи и Тиквеш, следува натпревар со Алкалоид на Лазаров

Вардар ја исполни својата обврска во шестата плеј-оф рунда од ракометната Суперлига со убедлива победа против Тиквеш во „Јане Сандански“, со 35-25.
За високиот триумф на Вардар потребна му беше најдобрата постава во 20-тина минути од второто полувреме. Тоа беше периодот во кој актуелниот лидер ја создаде целата предност, откако првото полувреме беше рамноправно, со по 15 гола и во двете мрежи.
Иако Вардар почна посигурно и со водство од 5-2 и 6-3, сепак, Владо Недановски им даде минути на ракометарите кои почесто се на клупа и Тиквеш успеа да го сврти резултатот. Со серија од 3-0 поведе со 12-10 во 21. минута, колку да го предупреди фаворитот дека бодовите нема да стигнат лесно.
Сепак, во второто полувреме Талески, Манасков, Моралес ја презедоа одговорноста и Вардар некаде по 50. минута имаше 30-20. Во тој период врза четири невозвратени гола или една серија од 10-2, додека Тиквеш правеше грешки и овозможуваше лесна реализација од контра. Георгиевски и Манасков со по шест гола беа најефикасни, а Томовски имаше 14 одбрани. Хамзиќ и Симиќ со по пет гола го предводеа Тиквеш, а голманот Брауновиќ застана на осумте одбрани од првиот дел.
СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-ОФ 6. КОЛО
Пелистер 2 – Алкалоид 30-35
Вардар – Тиквеш 35-25
Бутел – Пролет
Пелистер – Охрид (утре)
ТАБЕЛА: Вардар 21, Пелистер 15, Алкалоид 15, Тиквеш 10, Бутел 4, Пелистер 2 4, Охрид 3.
Фото: Кочо Сотировски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вардар го победи и Тиквеш, следува натпревар со…
Вардар ја исполни својата обврска во шестата…
(Видео) Путин призна: Санкциите може да ја…
Иако Путин во неколку наврати се обидуваше…
Училиште во Македонија две недели е без…
Учениците следат настава во студено простории, поради…
(Фото) Народот бара правда за Јана: Немаме…
Ако немаш пријател умри си, Партизирано здравство…
Не пропуштајте: Вечерва “Тешки муабети” со Стевчо…
Вечерва следете ја денешната епизода на Тешки…