Вартоломеј на г.г. Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство

t

Делегација на Охридската Архиепископија, предводена од архиепископот г. Стефан попладнево пристигна во Истанбул, каде во древниот и свет Патријаршиски и ставропигијален манастир „Балаклија” присуствуваше на вечерната богослужба по повод именденот на неговата сесветост, вселенскиот патријарх г. Вартоломеј.

На крајот на богослужбата вселенскиот патријарх Вартоломеј на архиепископот Стефан, свечено му го предаде Патријаршискиот и синодален акт за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, откако пред четири години нашиот Синод поднесе молба за апелација до Вселенската Патријаршија, како врховна инстанца во Православието.

Архиепископот Стефан во своето обраќање кон Вселенскиот Патријарх, нагласи дека „дојдовме при Вас, веруваме во исполнето време, време во кое Вие го слушнавте крикот на нашето срце и го почувствувате копнежот на нашите души!“

– Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена, истакна неговото блаженство г. Стефан.

Затоа, додаде тој, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам!

– Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона ‘Достојно ест”; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник; мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме; еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет; и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов, нагласи архиепископот Стефан.

На празничната вечерна богослужба, која ја отслужи великиот протосингел на Вселенската Патријаршија г. Теодор Меимарис, присуствуваше и архиепископот на Крит, г. Евлогиј, како и голем број архиереи, монаси, дипломати и други гости.

По богослужбата, архиепископ г. Стефан, во знак на благодарност отслужи Трисагија пред гробот на патријархот Димитриј, за покојните цариградски пастири погребани на истите гробишта.

Нашата црковна делегација на истанбулскиот аеродром беше пречекана од страна на митрополитот кидониски г. Атинагора, архимандритот г. Григориј, началник-секретар на Светиот и свештен Синод и великиот свештенопроповедник г. Панарет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вартоломеј му подари на г.г Стефан раскошен…

Раскошен комплет од архиепископски панагии за време…

Нема Македонци: Ковачевски му се заблагодари на…

Денес е голем историски ден, затоа што…

Вартоломеј на г.г. Стефан му го предаде…

Делегација на Охридската Архиепископија, предводена од архиепископот…

Г.г Стефан до Вартоломеј: Го почувствувавте копнежот…

Делегација на Охридската Архиепископија, предводена од архиепископот…

Вартоломеј разочаран од рускиот патријарх: Требаше да…

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската…